Актерот Жарко Лаушевиќ последниве години ретко е виден во јавноста, а речиси никогаш со сопругата Анита, која е професионален шминкер.
Имено, Анита работеше и на серијата „С***от и градот“, а за својата работа доби награда во Њујорк.
– Ова е остварување на сонот. Не можев ни да замислам, кога се преселив во Њујорк во 1997 година, дека ќе стојам овде – изјавила Анита по добивањето на наградата.
Анита Рогановиќ, сега Лаушевиќ, е родена во 1966 година во Љубљана, а со Лаушевиќ ја има ќерката Јана. Првиот голем ангажман на Анита во Америка беше во 2004 година на снимањето на „Спајдермен 2“.
Таа соработуваше со големи холивудски ѕвезди.
Заслужената награда и пофалби за целата досегашна работа Анита ја доби за фризурата во сериите „Хрониките на Тајмс Сквер“, „Приватен доктор“, „Инстикт“.
Инаку, Анита е втората сопруга на Лаушевиќ . Со првата сопруга Маја беше во брак од 1982 до 1998 година, а од тој брак ги има ќерката Асја и синот Душан.