ОВАА ДАМА Е СОПРУГА НА ЖАРКО ЛАУШЕВИЌ: НА НЕЈЗИНИОТ ШАРМ РЕТКО КОЈ БИ ОДОЛЕАЛ , ИМА И ЗАВИДНА КАРИЕРА (ФОТО)

Актерот Жарко Лаушевиќ последниве години ретко е виден во јавноста, а речиси никогаш со сопругата Анита, која е професионален шминкер.

Имено, Анита работеше и на серијата „С***от и градот“, а за својата работа доби награда во Њујорк.

– Ова е остварување на сонот. Не можев ни да замислам, кога се преселив во Њујорк во 1997 година, дека ќе стојам овде – изјавила Анита по добивањето на наградата.

Анита Рогановиќ, сега Лаушевиќ, е родена во 1966 година во Љубљана, а со Лаушевиќ ја има ќерката Јана. Првиот голем ангажман на Анита во Америка беше во 2004 година на снимањето на „Спајдермен 2“.

Таа соработуваше со големи холивудски ѕвезди.

Заслужената награда и пофалби за целата досегашна работа Анита ја доби за фризурата во сериите „Хрониките на Тајмс Сквер“, „Приватен доктор“, „Инстикт“.

Инаку, Анита е втората сопруга на Лаушевиќ . Со првата сопруга Маја беше во брак од 1982 до 1998 година, а од тој брак ги има ќерката Асја и синот Душан.