Пентагон тврди дека нападите врз цели на Хутите во Јемен не се дел од конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Секретарот за печат, генерал-мајор Патрик Рајдер, изјави за CBS News дека „наменетите“ напади биле конкретно насочени да ја попречат бунтовничката група и да ја спречат да ги напаѓа бродовите во Црвеното Море.
„Ги имате бунтовниците Хути кои вршат напади врз меѓународните бродови – повеќе од 50 земји беа погодени од ова, што влијае на економскиот просперитет на многу нации. Значи, ова не е дел од конфликтот меѓу Израел и Хамас“, изјави тој за CBS.
Генерал-мајор Патрик Рајдер претходно изјави за CNN дека американско-британските напади имале „добри ефекти“ и дека двете армии ќе продолжат да ја следат ситуацијата за одмазднички напади.
Тој додаде дека нема планови за испраќање американски војници во регионот.
„Ќе продолжиме да следиме и како што рекоа претседателот и секретарот за одбрана Лојд Остин, ќе продолжиме да ги преземаме неопходните дејствија“, посочи тој.
Патрик Рајдер повтори дека воената акција е различна од она што се случува во Појасот Газа.
„Никој не сака да види поширок регионален конфликт. Но, повторно, не можеме да дозволиме вакво опасно, непромислено однесување“, посочува тој.