“ОВА НЕ Е ДЕЛ ОД КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ХАМАС“ – Пентагон се огласи по нападот на САД и Велика Британија врз јеменските Хути

Пентагон тврди дека нападите врз цели на Хутите во Јемен не се дел од конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Секретарот за печат, генерал-мајор Патрик Рајдер, изјави за CBS News дека „наменетите“ напади биле конкретно насочени да ја попречат бунтовничката група и да ја спречат да ги напаѓа бродовите во Црвеното Море.

„Ги имате бунтовниците Хути кои вршат напади врз меѓународните бродови – повеќе од 50 земји беа погодени од ова, што влијае на економскиот просперитет на многу нации. Значи, ова не е дел од конфликтот меѓу Израел и Хамас“, изјави тој за CBS.

Генерал-мајор Патрик Рајдер претходно изјави за CNN дека американско-британските напади имале „добри ефекти“ и дека двете армии ќе продолжат да ја следат ситуацијата за одмазднички напади.

Тој додаде дека нема планови за испраќање американски војници во регионот.

Ќе продолжиме да следиме и како што рекоа претседателот и секретарот за одбрана Лојд Остин, ќе продолжиме да ги преземаме неопходните дејствија“, посочи тој.

Патрик Рајдер повтори дека воената акција е различна од она што се случува во Појасот Газа.

Никој не сака да види поширок регионален конфликт. Но, повторно, не можеме да дозволиме вакво опасно, непромислено однесување“, посочува тој.