Појадокот е најважниот оброк во денот и многу е важно што јадете наутро.
Меѓу вообичаените намирници кои се на трпеза наутро се три кои прават повеќе штета отколку корист и треба да се исфрлат од појадокот.
Сланина
Сланината се состои од високо заситени масти и го фаворизира формирањето на холестерол.
Лош избор е и затоа што често има многу сол и нездрави адитиви, кои го подобруваат вкусот, а се многу лоши за здравјето и можат да предизвикаат главоболка.
Колачи со сирење или путер
Тоа е нутритивно лош избор, кој има и многу адитиви, масти и празни калории.
Наместо тоа, земете интегрални пецива, направени од цело зрно.
Енергетски плочки
Полни се со шеќер и празни калории.
Немаат нутритивна вредност, а поради лошиот состав се штетни за организмот.Избегнувајте ги особено за појадок бидејќи тоа е исто како да имате чоколадо како прв оброк.