Најмалку десет лица загинаа во руски ракетен напад врз градот Краматорск во источна Украина, а меѓу жртвите се и 14-годишните близначки Јулија и Ана Аксенченко.
Би-би-си јавува дека во нападот се повредени 61 лице, а спасувачите сè уште ги пребаруваат урнатините на пицеријата која беше погодена од руски ракети.
– Руските ракети го запреа отчукувањето на срцето на двајца ангели – објави градскиот совет на Краматорск на Телеграм, наведувајќи дека ја споделува својата тага со семејството на жртвите тинејџерки.
Меѓу десетте убиени цивили е и 17-годишна девојка.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави за Sky News дека „Руската Федерација не напаѓа цивилна инфраструктура“.