Ова се близначките кои загинаа во рускиот напад (14)! Јулија и Ана биле во пицерија кога паѓале ракетите и ги убиле (ФОТО, ВИДЕО)

Најмалку десет лица загинаа во руски ракетен напад врз градот Краматорск во источна Украина, а меѓу жртвите се и 14-годишните близначки Јулија и Ана Аксенченко.

Би-би-си јавува дека во нападот се повредени 61 лице, а спасувачите сè уште ги пребаруваат урнатините на пицеријата која беше погодена од руски ракети.

– Руските ракети го запреа отчукувањето на срцето на двајца ангели – објави градскиот совет на Краматорск на Телеграм, наведувајќи дека ја споделува својата тага со семејството на жртвите тинејџерки.

Меѓу десетте убиени цивили е и 17-годишна девојка.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави за Sky News дека „Руската Федерација не напаѓа цивилна инфраструктура“.