Во експлозијата што се случи во фабриката „Трејл“ во Крушевац загина Никола Р.(18). Како што раскажува неговата баба Драгана, тој работел таму само неколку месеци и бил најмлад во тој дел од фабриката.
– Синоќа ми рече да го запалиме шпоретот да гори. После ми се јави и ми рече дека не морам, дека ќе спие кај другар. Тоа е сè што ми кажа. Секоја вечер кога работеше втора смена му го палев шпоретот во собата. Кога ќе дојдеше од работа, ќе вечераше, ќе се поздравевме – раскажува баба Драгана за српски Телеграф.рс
Како што истакнува, на внукот му рекла да се пресели во друг дел од фабриката доколку погонот во кој работи е тежок за него, а тој и’ рекол дека со неговата сегашна работа заработува поголема плата.
-Таму работеше неколку месеци, мајка му подобро знае. Скоро го примија во тој дел каде што работеше, таму беше најмлад. Мојот Ниџа рече дека ќе работи некое време таму, а потоа ќе види што ќе биде понатаму. Беше добар и послушен, речиси ја плати колата, возеше, сам си купи кола – додава бабата.