Ова се последните зборови на Никола кон баба му: „Најмлад беше во тој дел од фабриката, ахх Ниџа мој…“ (фото)

Во експлозијата што се случи во фабриката „Трејл“ во Крушевац загина Никола Р.(18). Како што раскажува неговата баба Драгана, тој работел таму само неколку месеци и бил најмлад во тој дел од фабриката.

– Синоќа ми рече да го запалиме шпоретот да гори. После ми се јави и ми рече дека не морам, дека ќе спие кај другар. Тоа е сè што ми кажа. Секоја вечер кога работеше втора смена му го палев шпоретот во собата. Кога ќе дојдеше од работа, ќе вечераше, ќе се поздравевме – раскажува баба Драгана за српски Телеграф.рс

Како што истакнува, на внукот му рекла да се пресели во друг дел од фабриката доколку погонот во кој работи е тежок за него, а тој и’ рекол дека со неговата сегашна работа заработува поголема плата.

-Таму работеше неколку месеци, мајка му подобро знае. Скоро го примија во тој дел каде што работеше, таму беше најмлад. Мојот Ниџа рече дека ќе работи некое време таму, а потоа ќе види што ќе биде понатаму. Беше добар и послушен, речиси ја плати колата, возеше, сам си купи кола – додава бабата.