Пожар избувна во компанија за истражување и производство во Русија. Надлежните укажаа на можна опасност пожарот да се прошири на складиштето на запалива течност.
Пожар избувна во истражувачко-продукциската компанија во градот Арамил во регионот Свердловск . Подрачното одделение на Министерството за вонредни состојби соопшти дека досега се евакуирани 110 лица.
Пожарникарите добиле повик за пожар во 10:23 часот, се вели во соопштението на Министерството. „Според привремените податоци, пожарот зафатил површина од 3.000 квадратни метри .
Постои опасност пожарот да се прошири на складиштето за запалива течност, јави руската државна агенција ТАСС . Противпожарната единица на терен ја сочинуваат 49 лица и 16 возила.
Истражувачкиот и производствен холдин VMP произведува материјали за бои и лакови за индустриска употреба и огноотпорни бои. Компанијата е изградена во 2017 година, според веб-страницата на компанијата.
Aramil, Sverdlovsk Oblast, research and production facility. March 24, 2023. pic.twitter.com/nZjY41LA2A
— Russia on fire (@russiasonfire) March 24, 2023