Огромен пожар во Русија зафати 4.000 квадратни метри, повеќе од 100 луѓе се евакуирани: властите издадоа важно предупредување

Пожар избувна во компанија за истражување и производство во Русија. Надлежните укажаа на можна опасност пожарот да се прошири на складиштето на запалива течност.

Пожар избувна во истражувачко-продукциската компанија во градот Арамил во регионот Свердловск . Подрачното одделение на Министерството за вонредни состојби соопшти дека досега се евакуирани 110 лица. 

Пожарникарите добиле повик за пожар во 10:23 часот, се вели во соопштението на Министерството. „Според привремените податоци, пожарот зафатил површина од 3.000 квадратни метри .

Постои опасност пожарот да се прошири на складиштето за запалива течност, јави руската државна агенција ТАСС . Противпожарната единица на терен ја сочинуваат 49 лица и 16 возила.

Истражувачкиот и производствен холдин VMP произведува материјали за бои и лакови за индустриска употреба и огноотпорни бои. Компанијата е изградена во 2017 година, според веб-страницата на компанијата.