Таткото на српската пејачка која падна од 24 кат во Дубаи откри шокантни детали за смртта на неговата ќерка: “Пријателките спиеле, а таа…“

Се огласи таткото на српската пејачка Андријана Лазиќ, која почина во Дубаи на 10. јануари откако падна од 24 кат на зграда. На самиот почеток на разговорот за соседните медиуми, Небојша Лазиќ, открил како ја добил информацијата за смртта на неговата ќерка.

Вечерта на 10. јануари добив информација. Таа замина на 7. и требаше да се врати на 11. јануари. Утрото ми се јавија, не знам што се случи… Имам само полицискиот извештај што ми го испратија“, вели ожалостен татко.

Тој вели дека слушнал дека сето тоа е несреќа, но не знае што е вистината.

Не знам, не знам… Слушнав дека е несреќа, пишува дека паднала од височина. Телото треба да пристигне вечерва во Белград, утре е погребот“, додал таткото на Андријана Лазиќ.

Тој раскажал и каква била Андријана Лазиќ пред да замине на пат.

Таа ги аранжираше песните, требаше да излезат околу српска Нова година. Луѓето имаат само пофални зборови за неа, нема на кого не му помогнала. Нејзините пријатели кои биле со неа спиеле, кога се разбудиле не знаеле што се случило. Ништо не виделе ништо, спиеле…“, рекол Небојша Лазиќ.

Потсетуваме, Андријана Лазиќ имаше 28 години и потекнува од Бјелина. Таа беше на почетокот на својата пејачка кариера и пред да тргне на пат сними две песни кои требаше да бидат објавени. По професија била правник и вработена во Министерството за внатрешни работи на Република Српска.