Европски сојуз за промена: “Законот не важи подеднакво за членовите на семејството на Али Ахмети“

Европскиот сојуз за промена денеска на прес-конференција од пред Јавното обвинителство истакнаа дека за внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, кој фатен со пиротехнички средства, не законот, како што би требало да важи еднакво за сите.

Внукот на Али Ахмети, формалниот сопственик на TЦ ‘Соравија‘ во Скопје, Дрин Ахмети, е фатен со пиротехнички средства, за што Кривичниот законик предвидува казна затвор до 10 години. Меѓутоа, тој – бидејќи е внук на капо Али Ахмети – продолжува да шета слободно, а загрозени се полицајците кои го фатија со експлозив. Ова е причината зошто денеска сме овде да го прашаме Али Ахмети каде е Дрин Ахмети и како тоа законот не важи подеднакво и за членовите на неговото семејство ?! Да не беше Дрин Ахмети внук на капо или лидерот на Демократската унија за интеграција, каде ќе беше денеска тој? Како стана едно младо момче, како Дрин Ахмети, да биде над законот ?!“, истакна на прес-конференција Бехар Емини од Европскиот сојуз за промена.

Тој праша кој е тој судија што измислил други одредби за членовите на семејството на Али Ахмети, кои не важат подеднакво и за другите граѓани.

Така, додека другите Албанци, честопати и сосема невини, се скапат во затворите, членовите на семејството на Али Ахмети се посебни, го кршат законот и не се секираат за тоа“, вели тој.

Бехар Емини потенцира дека Европскиот сојуз за промени констатира дека криминалот и злоупотребата на правдата од страна на ДУИ добиле вознемирувачки размери, кои не само што ја загрозуваат европската перспектива на државата, туку, како што кажа, веќе станале опасни и по животот на нашите граѓани.

Затоа, испраќањето на семејството Ахмети во опозиција се претвори во спасувачка мисија за Албанците, за државата и за сите граѓани“, вели Бехар Емини.