ВИДЕО | По последниот гол на Рома против Удинезе настана вистинско лудило на “Олимпико“, а реакцијата на Жозе Мурињо е вистински хит

Необичната прослава на Жозе Мурињо ги воодушеви фудбалските обожаватели ширум Европа и светот.

Фудбалерите на Рома го совладаа Удинезе со 3:1 во 13. коло од Серија А, а португалскиот стручњак беше во центарот на вниманието поради неговата реакција по третиот гол.

Во 81. минута Ел Шарави постигна гол со кој дефинитивно го реши прашањето за победникот на овој натпревар и „Олимпико“ во тој момент се „запали“.

Како Жозе Мурињо го чувствува триумфот на неговиот тим најдобро говори неговата реакција по третиот гол. Португалецот скокна од радост, а потоа истрча кон момчето кое беше задолжено да ги собира топките.

Жозе Мурињо му подари на ова дете незаборавен момент. Силно го прегрна и со него сподели неизмерна радост, а овој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Камерата го сними овој момент и видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи.