Владата денеска на 177 седница донесе одлука за испраќање сто припадници на Армијата на Република Македонија за учество во хуманитарна операција во Република Словенија.
-Согласно одлуката, се испраќаат 100 припадници на Армијата кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите кои ја погодија Република Словенија, а согласно барањето проследено од страна на NATO EADRCC, доставено од страна на Република Словенија, соопшти владината прес-служба.
Припадниците на Армијата се испраќаат за период од триесет дена за учество во давање помош на Република Словенија.
-Република Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи, се наведува во соопштението од Владата.