Одлука на Владата за испраќање 100 припадници на Армијата за учество во хуманитарна операција во Словенија

Владата денеска на 177 седница донесе одлука за испраќање сто  припадници на Армијата на Република Македонија за учество во хуманитарна операција во Република Словенија.

-Согласно одлуката, се испраќаат 100 припадници на Армијата кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите кои ја погодија Република Словенија, а согласно барањето проследено од страна на NATO EADRCC, доставено од страна на Република Словенија, соопшти владината прес-служба. 

Припадниците на Армијата се испраќаат за период од триесет дена за учество во давање помош на Република Словенија.

-Република Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи, се наведува во соопштението од Владата.