Осомничениот Велибор Манев со часови дава исказ во скопското обвинителство, а освен него, на распит е уште едно лице инволвирано во истрагата.
Извори од институцијата посочуваат дека Манев, родум од Велес, детално раскажал како се случиле грозоморните дела – убиството на Вања Ѓорчевска и Панчo Жежовски (74).
Засега не е познат идентитетот на другото лице кое се испитува. Медиумите побараа потврда од Обвинителството од каде укажаа дека постојано се преземаат дејствија и кога ќе има конкретни информации ќе бидат соопштени на јавноста. Се распитуваат сите лица кои евентуално имаат некакви сознанија, соопштија од Обвинителството. .
Засега е познато и дека вчера Александар, таткото на убиената Вања, е донесен на распит во Обвинителството и ги отфрли сите наводи дека е вмешан во киднапирањето и убиството. За останатите, освен лицето кое го превезувало осомничениот за организирање и извршување на убиствата, вината ја признале во Полициска станица и во Обвинителството.
Министерот Оливер Спасовски истакна дека кривичната пријава е составена на околу 100 страници. Ги содржи сите детали изјави, наоди на вештаци, снимки од безбедносни камери, телефонски списоци на сите осомничени. Се вештачат и други уреди кои се одземени.