Осомничениот детално опиша како се случило злосторството!? Манев со часови сведочеше, се сослуша уште еден клучен сведок за убиството на малата Вања

Осомничениот Велибор Манев со часови дава исказ во скопското обвинителство, а освен него, на распит е уште едно лице инволвирано во истрагата.

Извори од институцијата посочуваат дека Манев, родум од Велес, детално раскажал како се случиле грозоморните дела – убиството на Вања Ѓорчевска и Панчo Жежовски (74).

Засега не е познат идентитетот на другото лице кое се испитува. Медиумите побараа потврда од Обвинителството од каде укажаа дека постојано се преземаат дејствија и кога ќе има конкретни информации ќе бидат соопштени на јавноста. Се распитуваат сите лица кои евентуално имаат некакви сознанија, соопштија од Обвинителството. .

Засега е познато и дека вчера Александар, таткото на убиената Вања, е донесен на распит во Обвинителството и ги отфрли сите наводи дека е вмешан во киднапирањето и убиството. За останатите, освен лицето кое го превезувало осомничениот за организирање и извршување на убиствата, вината ја признале во Полициска станица и во Обвинителството.

Министерот Оливер Спасовски истакна дека кривичната пријава е составена на околу 100 страници. Ги содржи сите детали изјави, наоди на вештаци, снимки од безбедносни камери, телефонски списоци на сите осомничени. Се вештачат и други уреди кои се одземени.