Ќерката на Влада Дивац за првпат пред камери: „Ме задеваа дека сум посвоена за да изгледа убаво во весниците“

Ќерката на легендарниот кошаркар Влад Дивац и неговата сопруга Ана, Петра Дивац, за првпат пред камерите проговори за деталите од својот живот.

Таа зборуваше за моментот кога дознала дека е посвоена, како и за тоа како било нејзиното воспитување.

– Пораснав со тој факт, ја знаев таа информација и не ми беше соопштена наеднаш – рече таа.

Петра прво живеела во Америка, но кога се преселила во Србија, врсниците не ја прифатиле.

– Еве, децата на училиште ме задеваа малку за тоа, дека ме посвоиле чисто за да изгледа убаво во весникот, како гест ако го направат тоа – изјави таа за ТВ Информер.