ФОТО | ВЛАДИМИР ПУТИН ЈА “ВОСКРЕСНА“ ОЗОГЛАСЕНАТА ЕДИНИЦА НА ЈОЗЕФ СТАЛИН !? Тајните служби на Велика Британија објавија застрашувачка вест: “СМЕРШ се враќа!“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, повторно ја формира озлогласената контраразузнавачка единица СМЕРШ од времето на Јозеф Сталин, која се користеше за фаќање шпиони и дисиденти, објавија тајните служби на Велика Британија.

Единицата СМЕРШ, чија кратенка значи – „смрт за шпиони“, беше создадена од Јозеф Сталин како специјална единица во 1941 година.

На крајот на 2023 година руските политичари тврдеа дека се обновува советската организација СМЕРШ“, соопшти Министерството за одбрана на Велика Британија во својот најнов разузнавачки извештај.

На почетокот на јануари годинава беше објавена фотографија на која се гледаат оперативци со ознаки СМЕРШ на униформите.

Единицата стана позната кога беше вклучена во шпионските романи на Иан Флеминг.

Министерството за одбрана на Велика Британија истакна дека не е јасно дали денешниот СМЕРШ е нова единица или името на постоечка единица е сменето за пропагандни цели. 

Единицата првично беше формирана за да се бори против нацистичката инфилтрација на Црвената Армија за време на Втората светска војна и да го потисне несогласувањето и бунтот на територијата окупирана од Советскиот Сојуз во Источна Европа и Германија.

СМЕРШ беше познат по својата бруталност, егзекутирајќи илјадници луѓе обвинети дека се предавници на Русија. Оперативците на СМЕРШ ги открија посмртните останки на Адолф Хитлер откако тој изврши самоубиство во неговиот бункер во Берлин во 1945 година додека се приближуваше Црвената Армија.