Кремљ: Го почитуваме изборот на турскиот народ

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека со голем интерес ги следат изборите во Турцијљ поради соработката меѓу Москва и Анкара во многу области.

Песков во обраќањето до новинарите во Москва ги коментираше претседателските и парламентарните избори во Турција. Тој потсети дека Турција и Русија имаат широка соработка на многу полиња, особено во економијата.

„Ние сме блиски со Турција е во широк опсег на заемно корисна соработка во различни области, како што се енергетиката, туризмот, трговијата, земјоделството и транспортот“, рече Песков.

Тој додаде дека билатералната соработка се развива во согласност со интересите на турскиот и рускиот народ.

„Поради оваа причина, со голем интерес ги следиме вестите за изборите во Турција“, рече тој.

Песков истакна дека со почит ги следат резултатите од изборите.

„Го почитуваме и ќе го почитуваме изборот на турскиот народ. Во секој случај, очекуваме нашата соработка да продолжи, дополнително да се продлабочува и да се прошири“, посочи тој.

На крајот тој изјави дека Турција има „зрела демократија“.

„Турција е силна и суверена земја и секако земја што може да обезбеди транспарентни и демократски избори и да спречи секакви незаконски дејства“, рече Песков, пренесе ТРТ БАЛКАН.

Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (ЈСК), Ахмет Јенер, рече дека, според податоците собрани до 9:45 часот по локално време, актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган освоил 49,40 отсто, а кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу 44,96 отсто од гласовите.

Јенер во своето обраќање пред новинарите ги претстави најновите податоци за резултатите од претседателските и парламентарните избори одржани вчера.

„Од вкупно 192.214 гласачки кутии во земјава, до 9:45 часот се отворени 192.187, што е околу 99 отсто. Во моментов во земјава не се отворени уште 27 гласачки кутии. Од 9.594 гласачки кутии во странство, отворени се 8.065. 1.529 гласачки кутии сè уште не се отворени во странство, а досега 84,06 отсто од гласачките кутии се отворени во странство“, рече Јенер.

„Според овие податоци, до 9 часот и 45 минути Реџеп Таип Ердоган освои 49,40 отсто од гласовите, Кемал Киличдароглу 44,96 отсто, Синан Оган 5,2 отсто, а Мухарем Инџе 0,44 отсто“, додаде тој.

Граѓаните на Турција вчера гласаа на претседателските и парламентарните избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за новото свикување на Големото национално собрание, кое има вкупно 600 пратенички места.