Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, објави дека работата во болничкиот комплекс Ал-Шифа во Газа е прекината.
Портпаролот на Министерството за здравство го потврди ова за Ројтерс и дека како резултат на тоа имаме една жртва.
Тие велат дека Ал-Шифа – најголемата медицинска установа во Газа – останала без гориво, пренесува bbc.
„Како резултат на тоа, новороденче почина во инкубаторот, каде што има 45 бебиња“, изјави Ашраф Ал-Кидра.
UPDATE: Over the last few hours, the attacks against Al-Shifa Hospital have dramatically intensified. MSF staff at the hospital reported a catastrophic situation inside just a few hours ago: https://t.co/rjR472FiA5.
— Doctors w/o Borders (@MSF_USA) November 11, 2023
Потсетуваме дека израелските власти го прекинаа снабдувањето со гориво за Појасот Газа, што беше критикувано од западниот свет.
Инаку, од организацијата „Лекари без граници“ велат дека изгубиле контакт со нивниот здравствен персонал во болницата Ал-Шифа, поради информациите за „силно гранатирање“ во близина на комплексот.
„Во последните неколку часа, нападите врз болницата Ал-Шифа драстично се интензивираа. Персоналот на [Лекари без граници] во болницата пријавил катастрофална состојба“, објави хуманитарната група преку платформата Х.
Medical staffs at al-Quds Hospital in Gaza perform surgery amidst a power blackout. pic.twitter.com/gfImRPodmm
— TIMES OF GAZA (@Timesofgaza) November 11, 2023