Остана без гориво, болницата Ал-Шифа ја прекина работата – бебе почина во инкубатор

Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, објави дека работата во болничкиот комплекс Ал-Шифа во Газа е прекината.

Портпаролот на Министерството за здравство го потврди ова за Ројтерс и дека како резултат на тоа имаме една жртва.

Тие велат дека Ал-Шифа – најголемата медицинска установа во Газа – останала без гориво, пренесува bbc.

„Како резултат на тоа, новороденче почина во инкубаторот, каде што има 45 бебиња“, изјави Ашраф Ал-Кидра.

Потсетуваме дека израелските власти го прекинаа снабдувањето со гориво за Појасот Газа, што беше критикувано од западниот свет.

Инаку, од организацијата „Лекари без граници“ велат дека изгубиле контакт со нивниот здравствен персонал во болницата Ал-Шифа, поради информациите за „силно гранатирање“ во близина на комплексот.

„Во последните неколку часа, нападите врз болницата Ал-Шифа драстично се интензивираа. Персоналот на [Лекари без граници] во болницата пријавил катастрофална состојба“, објави хуманитарната група преку платформата Х.