Актерот Милош Биковиќ својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста, па не зборува често за семејството.
Затоа многумина ги изненади кога се дозна дека неговиот брат е монах Михаило, а пред неколку години во интервју за руските медиуми откри сè за тоа како дошол до замонашување.
Постариот брат на Биковиќ, игуменот Михаило Биковиќ е поглавар на манастирот Јованја, а актерот сега раскажа и некои детали од нивната врска.
– Брат ми отиде во манастирот на 22 години, а учеше кај потомците на руските емигранти кои дојдоа во Србија по Октомвриската револуција. За мене е важно да кажам дека со него зборувам како брат, но секогаш се сеќавам дека тој сè уште е монах кој му го посветил животот на Бога. Понекогаш во разговорот сакам да му противречам, но наместо тоа, секогаш му велам: „Ќе размислам за твоите зборови“ – изјавил Милош за руското издание на магазинот „Esquire“ и објаснил зошто неговиот брат решил да го помине животот во манастирот.
– Ми објасни дека никогаш не почувствувал таква исполнетост во животот и дека мирот го наоѓал само во контакт со Бога. Кога мојата слава го надмина сето она што го очекував, се сеќавам дека брат ми ми рече: „Сега веќе не си единствената работа што е важна. Сега стана симбол“. Почна да ми се восхитува на некој начин, иако никогаш не го очекував, бидејќи тоа е необично за монах. Тој многу добро знае колку и кога се кршам и се сомневам во себе – искрено изјави Биковиќ.
Нивната мајка, пак, имала поинаков пристап кога е во прашање актерската кариера на Милош.
– Мојот успех не и’ е многу важен. Веруваше дека ќе станам актер, но не ме охрабруваше премногу. Кога мојата кариера почна да полетува, таа ме поддржа – изјави Биковиќ, а потоа откри што и’ купил на мајка си од првиот голем хонорар.