Откриена вистинската причина зошто братот на Милош Биковиќ се замонаши – Еве каков однос има со актерот (фото)

Актерот Милош Биковиќ својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста, па не зборува често за семејството. 

Затоа многумина ги изненади кога се дозна дека неговиот брат е монах Михаило, а пред неколку години во интервју за руските медиуми откри сè за тоа како дошол до замонашување.

Постариот брат на Биковиќ, игуменот Михаило Биковиќ е поглавар на манастирот Јованја, а актерот сега раскажа и некои детали од нивната врска.

– Брат ми отиде во манастирот на 22 години, а учеше кај потомците на руските емигранти кои дојдоа во Србија по Октомвриската револуција. За мене е важно да кажам дека со него зборувам како брат, но секогаш се сеќавам дека тој сè уште е монах кој му го посветил животот на Бога. Понекогаш во разговорот сакам да му противречам, но наместо тоа, секогаш му велам: „Ќе размислам за твоите зборови“ – изјавил Милош за руското издание на магазинот „Esquire“ и објаснил зошто неговиот брат решил да го помине животот во манастирот.

– Ми објасни дека никогаш не почувствувал таква исполнетост во животот и дека мирот го наоѓал само во контакт со Бога. Кога мојата слава го надмина сето она што го очекував, се сеќавам дека брат ми ми рече: „Сега веќе не си единствената работа што е важна. Сега стана симбол“. Почна да ми се восхитува на некој начин, иако никогаш не го очекував, бидејќи тоа е необично за монах. Тој многу добро знае колку и кога се кршам и се сомневам во себе – искрено изјави Биковиќ.

Нивната мајка, пак, имала поинаков пристап кога е во прашање актерската кариера на Милош.

– Мојот успех не и’ е многу важен. Веруваше дека ќе станам актер, но не ме охрабруваше премногу. Кога мојата кариера почна да полетува, таа ме поддржа – изјави Биковиќ, а потоа откри што и’ купил на мајка си од првиот голем хонорар.