На српскиот музичар Горан Бреговиќ му беше забранет влез во Молдавија поради неговите проруски ставови, изјави молдавскиот министер за внатрешни работи Адријан Ефрос.
– Од почетокот на војната во Украина, господинот Бреговиќ изрази проруски ставови и ја поддржа анексијата на Украина од страна на Руската Федерација – изјави Адријан Ефрос.
– Имаше и други мотиви кои ги анализираа структурите на државната безбедност – рече тој.
Организаторите на фестивалот „Guitar Music“, кој се одржува во Молдавија, претходно објавија дека на Бреговиќ не му е дозволен влез во земјата, иако веќе слетал на аеродромот во Кишињев и дека поради тоа нема да може да настапи со својот бенд на фестивалот.