Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, објави кој ќе ја добие Златната топка за најдобар фудбалер во 2023 година.
Доделувањето на наградата е закажано за 30 октомври во Париз, а според Роман, наградата дома ќе ја однесе Лионел Меси.
Моментално оваа престижна награда е во рацете на Карим Бензема и не би било изненадување доколку Меси повторно ја освои.
Тоа би било рекордна осма Златна топка за Аргентинецот. Тоа би било првпат во историјата Златната топка да ја освои некој што е член на неевропски клуб, бидејќи Меси игра за Интер Мајами.
Јасно е дека Меси е фаворит за Златната топка пред сè затоа што ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во Катар.