Откриено е кој ќе ја добие Златната топкa: Познатиот новинар го објави името на добитникот! Ова би се случило за првпат во историјата на фудбалот (фото)

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, објави кој ќе ја добие Златната топка за најдобар фудбалер во 2023 година.

Доделувањето на наградата е закажано за 30 октомври во Париз, а според Роман, наградата дома ќе ја однесе Лионел Меси.

Моментално оваа престижна награда е во рацете на Карим Бензема и не би било изненадување доколку Меси повторно ја освои.

Тоа би било рекордна осма Златна топка за Аргентинецот. Тоа би било првпат во историјата Златната топка да ја освои некој што е член на неевропски клуб, бидејќи Меси игра за Интер Мајами.

Јасно е дека Меси е фаворит за Златната топка пред сè затоа што ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во Катар.