„Со своето тело ги покривал братот и сестрата за да не изорат” Момче (4) загина штитејќи ги најблиските: Трагедија во Австралија

Четиригодишното момче кое покажа неверојатна храброст и се обиде да ги заштити своите сестри и братот од пожар што избувна во куќа во градината на нивниот дом, почина во болница.

Исак Мек Грегор играше во куќа со своите сестри Мејвис (6) и Ешлин (18 месеци) и неговиот тригодишен брат Сејџ во Австралија во саботата наутро кога каучот се запали.

Неговата мајка Јасмин Бек (26) истрчала надвор и се обидела да го помести каучот и да ги спаси сите четири деца.

Таа го пронашла Исак, нејзиниот најстар син, како го користи своето малечко тело за да ги заштити од пламенот својот помал брат и сестра.

За жал, Сејџ и Ешлин починале на местото на настанот, а Исак и Мејвис биле пренесени во болница во критична состојба. Тие се сместени на интензивна нега со изгореници опасни по живот на околу 80 отсто од нивните тела.

Во средата, пријател на семејството потврди за GoFundMe дека на Исак му „пораснале крилја и сега е повторно обединет со својот помлад брат и сестра“.

Портпаролката на полицијата ја потврди трагичната вест.

– Секогаш ќе го паметиме како вистински херој кој го даде својот живот обидувајќи се да ги заштити својот брат и сестри – се вели во соопштението.

Вестта за неговата трагична смрт дојде само неколку часа откако неговиот татко изјави за медиумите дека се гордее со својот син.

-Мојата сопруга рече дека кога конечно го премести каучот и го грабна Мејвис, Исак ги стисна другите сестри и брат под него за да не изгорат и тој остана така додека самиот не умре – рекол во вторникот.

-Го оживејаа и го однесоа во болница во Мелбурн. Навистина не можев да бидам погорд на него – рекол таткото задушувајќи ги солзите.

Таткото на децата не бил дома во моментот на несреќата

– Додека заминував, Исак истрча кон мене, ме галеше и ме бакнуваше. Еден час подоцна добив телефонски повик… Сè уште не разбирам целосно што се случи – рече тој.

Полицијата соопшти дека детективите го истражуваат инцидентот.

Полицискиот инспектор Ема Бартел изјави дека соседите се обиделе да ги спасат децата пред да пристигнат службите за итна помош.

Инцидентот се третира како несреќен случај.