Без поголеми потешкотии најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен!
Ѓоковиќ одржа лекција по тенис и ја демонстрираше својата сила над Адријан Манарин, а по мечот се сврте кон трибините и испрати бакнеж во правец на една личност.
Отпрвин никому не му беше јасно кому му е упатен тој бакнеж, но неколку часа подоцна добивме одговор. Имено, Новак и испрати бакнеж на една Ана, девојка која го следи Ноле каде и да игра, а воедно е и голем фан на српскиот тенисер.
Ана по мечот се огласи преку Твитер, каде објави слики со Ѓоковиќ, кој дури и се потпиша на нејзината капа.
Sealed with a kiss and a signed cap.
— Ana (@_anatc0) January 21, 2024
Thank you Nole – we love you ❤️
IDEMOOO 🔥 pic.twitter.com/Yfl6tPDl50 pic.twitter.com/LzeFHYLIWa