ОТКРИЕНО КОМУ НОВАК ИСПРАТИ БАКНЕЖ ПО НАТПРЕВАРОТ! Се огласи преубавата девојка – се ШОКИРА од потегот на Ѓоковиќ! 

Без поголеми потешкотии најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен!

Ѓоковиќ одржа лекција по тенис и ја демонстрираше својата сила над Адријан Манарин, а по мечот се сврте кон трибините и испрати бакнеж во правец на една личност.

Отпрвин никому не му беше јасно кому му е упатен тој бакнеж, но неколку часа подоцна добивме одговор. Имено, Новак и испрати бакнеж на една Ана, девојка која го следи Ноле каде и да игра, а воедно е и голем фан на српскиот тенисер.

Ана по мечот се огласи преку Твитер, каде објави слики со Ѓоковиќ, кој дури и се потпиша на нејзината капа.