Невремето причина за проблеми при слетување на авин во кој била и Шекеринска.
Авионот кој летал од Виена кон Скопје се соочил со сериозни проблеми поради невремето и морал да врти неколку круга, по што бил пренасочен кон Софија. Откако состојбата се стабилизирала и се создале услови, авионот од Софиј се упатил кон Македонија и безбедно слетал на скопскиот аеродром.
Меѓу другите патница била и поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска која ја потврди информацијата и преку нејзиниот профил на фејсбук.