Патниците исплашени чекале што ќе се случи, авионот во кој била Шекеринска вртел кругови околу Скопје, на крај морале да слетаат во Софија!

Невремето причина за проблеми при слетување на авин во кој била и Шекеринска.

Авионот кој летал од Виена кон Скопје се соочил со сериозни проблеми поради невремето и морал да врти неколку круга, по што бил пренасочен кон Софија. Откако состојбата се стабилизирала и се создале услови, авионот од Софиј се упатил кон Македонија и безбедно слетал на скопскиот аеродром.

Меѓу другите патница била и поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска која ја потврди информацијата и преку нејзиниот профил на фејсбук.