Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините.
Ројтерс пренесува дека ова го соопшти германскиот истражувачки центар за геолошки науки ГФЗ .
– Земјотресот беше десет километри под површината на земјата – соопштија од ГФЗ.
Овој земјотрес е регистриран ден по земјотресот од 7,5 Рихтер што ги погоди Филипините .
По овој земјотрес беше издадено предупредување за цунами.