Погледнете како денес изгледаат поранешните “бајадери” од култната серија: На едната и понатаму сите и се восхитуваат, а другата им предизвикува бес (ФОТО)

Џени Гарт и Тори Спелинг се прославија во серијата „Беверли Хилс 90210“ како Кели и Дона, а сега се снимаа заедно во Њујорк.

Тинејџерската серија „Беверли Хилс 90210“ беше огромен хит во 90-тите, а обожавателите на главните ѕвезди сè уште се поистоветуваат со улогите што ги играа.

Толку многу се радуваа кога видоа дека Дона и Кели , односно актерките Џени Гарт (50) и Тори Спелинг (49) останаа блиски и по толку години и предизвикаа вистинска врева на Инстаграм со нивните нови заеднички фотографии.

Актерките ги здружија силите во новата линија за брендот за уредување на домот, со кој се пофалија на социјалната мрежа, а Тори во описот ја нарече Џени нејзината најдобра пријателка

„Ме прави среќен што Дона и Кели се уште се најдобри пријатели во реалниот живот“, „Убаво е што ве гледам заедно“, „Овие фотографии ме прават носталгична“, „Секогаш ќе бидете Кели и Дона“, се само неколку од многуте коментари од ентузијастичките фанови на култната серија.

Многумина коментираа колку е убаво да се види дека Џени не се уништила со козметички зафати, за разлика од Тори која претерала и се направила непрепознатлива, па денес најмногу предизвикува бес со својот изглед.

Актерките заедно се снимаа и во Њујорк, каде гостуваа во емисијата „Good Day NY“, а со широки насмевки ги поздравија папараците.

И двете често ги полнеа медиумските колумни со приватни скандали.

Гарт зад себе има два неуспешни брака , а третиот едвај го спасила. Пред олтарот за прв пат застана во 1994 година со музичарот Даниел Б. Кларк, со кој беше во брак две години. Таа се омажи за својот втор сопруг, Питер Фачинели, откако заедно глумеа во филмот од 1995 година. Тие се венчаа во 2001 година и добија три ќерки. Во март 2012 година, Фачинели поднесе барање за развод од актерката.

Таа е во брак со нејзиниот сегашен сопруг Дејвид Абрамс од 2015 година, но тие поднесоа барање за развод во 2017 година, а потоа се смирија во 2019 година и го ставија разводот на чекање.

“Дејв и јас се заљубивме многу брзо и се венчавме во рок од шест месеци. Премногу брзавме и тоа беше проблемот”, изјавила актерката еднаш.

Ниту Тори нема многу среќа во љубовта. Последниве години таа ги полни медиумските колумни со нејзиниот турбулентен брак со Дин Мекдермот , со кој е во брак од 2006 година, а заедно имаат пет деца, две ќерки и три сина.

Нивниот развод првпат беше пријавен откако Мекдермот во 2014 година во документарната серија „Вистинска Тори“ призна дека и бил неверен на сопругата. Спелинг тогаш рече дека неговото признание ги вознемирило децата кога ги виделе медиумските извештаи на интернет, но тие успеале да ја средат врската и да останат во брак.

Исто така, познато е дека сопружниците долго време се борат со финансиски проблеми, за кои Спелинг рече дека е резултат на нивните лоши одлуки, но таа мудро молчи за гласините за развод.

Актерката во минатото се борела со зависноста од дрога и алкохол, а кога била бремена со третото дете, со автомобилот удрила во училиште, за што ги обвинила новинарите.

Исто така, важно е да се спомене дека Тори е ќерка на креаторот на серијата што ја прослави, Арон Спелинг , кој не и остави ништо по неговата смрт и во тестаментот напиша дека само 800 илјади долари ќе и припаднат на Тори, што ја направи актерката бесна.