Неверојатен удар на Новак Ѓоковиќ во вториот гем од петтиот сет.
Новак Ѓоковиќ како феникс се издигна од пепелта во четвртиот сет, го освои тој дел од играта, израмни на 2:2 и во петтиот, решавачки сет влезе со психолошка предност.
Новак го доби првиот сервис гем, а потоа имаше брејк топка против Алкараз. Тоа е моментот кој најверојатно го реши финалето, бидејќи целосно го сврте моментумот на страната на шпанскиот тенисер.
Во 30:40 Ѓоковиќ за малку ќе освоеше поен, Алкараз му ја врати тешката топка директно на волеј на српскиот тенисер, а тој побрза и ја испука топката во мрежата! Наместо водството на Новак од 2:0, Карлос доби „вештачко дишење“, а потоа му зададе финален удар на Ѓоковиќ, кој вчера не беше на своето вообичаено психолошко рамниште.
Епилогот е брејкот што го направи Алкараз веќе во следниот гем, го фрли Новак во нокдаун, од кој не се опорави до крајот на финалето. Така Вимблдон доби нов крал, а Ѓоковиќ остана без осмата круна во Лондон, односно 24. Грен слем куп во кариерата.