Поенот кој го сврте мечот: Удар во мрежата поради кој Ѓоковиќ ќе се буди испотен во сон, а Алкараз ќе сонува да го пензионира најдобриот во историјата (ВИДЕО)

Неверојатен удар на Новак Ѓоковиќ во вториот гем од петтиот сет.

Новак Ѓоковиќ како феникс се издигна од пепелта во четвртиот сет, го освои тој дел од играта, израмни на 2:2 и во петтиот, решавачки сет влезе со психолошка предност.

Новак го доби првиот сервис гем, а потоа имаше брејк топка против Алкараз. Тоа е моментот кој најверојатно го реши финалето, бидејќи целосно го сврте моментумот на страната на шпанскиот тенисер.

Во 30:40 Ѓоковиќ за малку ќе освоеше поен, Алкараз му ја врати тешката топка директно на волеј на српскиот тенисер, а тој побрза и ја испука топката во мрежата! Наместо водството на Новак од 2:0, Карлос доби „вештачко дишење“, а потоа му зададе финален удар на Ѓоковиќ, кој вчера не беше на своето вообичаено психолошко рамниште.

Епилогот е брејкот што го направи Алкараз веќе во следниот гем, го фрли Новак во нокдаун, од кој не се опорави до крајот на финалето. Така Вимблдон доби нов крал, а Ѓоковиќ остана без осмата круна во Лондон, односно 24. Грен слем куп во кариерата.