Пејачката Северина Вучковиќ моментално се наоѓа во луксузното одморалиште Сен Тропе, каде друштво и’ прави светска ѕвезда.
Познато е дека Северина, иако неодамна наполни 51 година, изгледа речиси исто како и на почетокот на кариерата, секогаш е убава и совршено стилизирана, и никогаш нема вишок килограми.
Нејзиниот изглед често е предмет на внимание на јавноста, а убавината на пејачката не му побегна на холивудскиот заводник, актерот Џаред, со кој Северина објави фотографија.
Двајцата позираа заедно, а нивниот стајлинг привлече големо внимание. Џеред носеше комбинезон во сини нијанси, додека во раката држеше розова капа, а пејачката носеше фустан кој го истакна нејзиното деколте и витката фигура.
– Тој се заљуби во Северина. Најдете си некој кој ќе ве гледа како Џаред во Северина. Како Барби и Кен – беа само дел од коментарите под објавата на Северина.