Познатиот актер се заљуби во Северина? Пејачката се најде со него, заедно позираа, тој постојано гледаше во неа (фото)

Пејачката Северина Вучковиќ моментално се наоѓа во луксузното одморалиште Сен Тропе, каде друштво и’ прави светска ѕвезда.

Познато е дека Северина, иако неодамна наполни 51 година, изгледа речиси исто како и на почетокот на кариерата, секогаш е убава и совршено стилизирана, и никогаш нема вишок килограми.

Нејзиниот изглед често е предмет на внимание на јавноста, а убавината на пејачката не му побегна на холивудскиот заводник, актерот Џаред, со кој Северина објави фотографија.

Двајцата позираа заедно, а нивниот стајлинг привлече големо внимание. Џеред носеше комбинезон во сини нијанси, додека во раката држеше розова капа, а пејачката носеше фустан кој го истакна нејзиното деколте и витката фигура.

– Тој се заљуби во Северина. Најдете си некој кој ќе ве гледа како Џаред во Северина. Како Барби и Кен – беа само дел од коментарите под објавата на Северина.