Сè уште се зборува за голите сцени на Џенифер Анистон: „Скандалот“ се уште трае 

Џенифер Анистон зад себе има повеќе од три децении кариера, но на 54-годишна возраст се разголи на големите, поточно малите екрани само по втор пат во кариерата.

Имено, во новата сезона на серијата „The Morning Show“, прославената актерка се појавува целосно гола во секс сцена. Џен е прикажана на кревет во спална соба додека лежи гола со колегата Џон Хам.

Во серијата, таа ја толкува улогата на водителот на вести Алекс Леви, додека Хам го игра Пол Маркс, технолошки милијардер.

Џенифер сега проговори за снимањето на експлицитни секс сцени во серијата „The Morning Show“.

„Не прашаа дали сакаме интимен координатор. И бидејќи сум од некои стари времиња, прашав што значи тоа. Ми рекоа: „Кога некој ќе те праша дали си добро“, а јас им реков: „Те молам, ова е веќе доволно чудно! Ние сме искусни, ова можеме сами да го направиме’. Третата сезона е добра, сочна е. Сите влегуваат во неволја. Секој има тајна, таа е многу посензуална оваа година“, изјави 54-годишната Џенифер во интервју за Variety.