Палестинска Црвена полумесечина: Околу 9.800 камиони со помош влегоа во Газа од почетокот на израелските напади

– Малку повеќе од 9.800 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа, каде што Израел спроведува интензивни напади веќе четири месеци, се вели во соопштението на Палестинската Црвена полумесечина.

Помеѓу 21 октомври и 1 февруари речиси 7.000 камиони со помош влегле од граничниот премин Рафах и 2.884 камиони влегле од преминот Карем Абу Салем, се вели во соопштението.

Материјалите за помош, вклучително храна, вода, медицински материјали и лекови, беа дистрибуирани до Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Министерството за здравство, Министерството за социјални работи и болниците.

Бројот на камиони со помош што влегоа во Газа во овој период одговараше на приближно 95 камиони дневно, се вели во соопштението.

Пред израелските напади во Газа дневно влегуваа околу 600 камиони.

Израел започна смртоносна офанзива врз Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври, при што загинаа најмалку 27.365 Палестинци, а беа повредени 66.630, додека се верува дека речиси 1.200 лица загинале во Израел..

Според Обединетите нации, израелската офанзива остави 85 отсто од населението на Газа внатрешно раселено поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.