Авионска драма поради потег на една патничка – не издржала да седи покрај ‘дебели’ патници па направила потег поради кој настанал вистински хаос!

Авионска драма – дискусија на социјалните мрежи. Ова е најдобриот начин да се опише ситуацијата што настана за време на летот од Лос Анџелес до Њујорк. Се започнало со една девојка која открила дека побарала да го смени седиштето во авионот бидејќи седела меѓу двајца патници со плус големина. 19-годишната девојка го споделила искуството на социјалната мрежа Reddit (Редит), а потоа настанала општа дебата.

Таа нагласила дека нормално не и пречат луѓе со плус големина, туку дека седиштата биле ужасно мали, поради што не поднесувала да седи меѓу нив.

Со рамениците ме притискаа од двете страни, а со бутовите се потпираа на мене. Беше доста долг лет и ми беше непријатно да седам, па по околу час и половина дискретно ја прашав стјуардесата дали има други слободни места. Таа успеа да најде празно седиште неколку реда зад моето, па се преселив“, опишала таа.

Таа нагласила дека и било срам да се пресели, но сепак го направила тоа. Остатокот од летот поминал без проблеми, но кога авионот слетал до неа дошол еден од патниците до кој седела таа.

Ми кажа дека сум го посрамотил него и уште еден патник и дека им е доволно тешко да патуваат без луѓе кои дебелината ја третираат како заразна болест“, истакнала 19-годишната и додала дека не и била целта да ги понижи патници.

Сепак, и оваа приказна има поделени мислења. Додека едни ја поддржуваат, други остро го осудуваат нејзиниот потег.

Секако дека не згрешивте. Не ви беше удобно и побаравте друго место. Не е нормално да ве нападнат поради тоа“, „Дебел сум и би бил среќен да се премести личноста доколку и е непријатно поради мене“, се само дел од коментарите.