ФОТО | И во шестата деценија од животот изгледа исто како тинејџерка! Актерката позираше во минијатурно бикини и го изненади светот: “Како е ова можно ?“

Хедер Греам позираше во костим за капење, а илјадници луѓе го коментираат нејзиниот изглед.

Познатата актерка и понатаму привлекува внимание со својот изглед и во шестата деценија од животот. Таа на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографии на кои позира во костим за капење на плажа, а многумина не можеа да поверуваат како таа изгледа на 54 години. Во серијата фотографии кои ги сподели таа носи бел дводелен костим за капење, а на некои фотографии позира и во син фустан за плажа.

Погледнете ги фотографиите ОВДЕ.

Оваа актерка изгледа речиси исто како во деведесетите години, што нејзините обожаватели го забележаа тоа и коментираа: „Жешка. Не заборавајте колку години има што е неверојатно“, „Дали си вистинска ?“, „Изгледа магично“, „Не старее“, „Изгледа неверојатно“, „Се уште е моја љубов од детството“ , „Божица“, „Кралица“, беа само дел од коментарите оставени под објавата.

Пилатесот и јогата се заслужни за нејзината совршена фигура, а таа обожава да вежба. „Чисто за забава, би отишла на одмор по јога и би вежбала јога по 4 часа дневно“, изјави еднаш оваа актерка.

Таа истакнува дека во нејзиното мени нема бело брашно или шеќер. Да потсетиме, таа неодамна даде интервју во кое откри дека не сака деца и дека, како што вели, тие не се наменети за неа. Поради одлуката да нема деца, актерката се чувствува слободно, но истакнува дека е свесна дека оваа одлука не му се допаѓа на мнозинството од општеството.