ШТО СЕ СЛУЧУВА !? Србија во шок по најновата одлука на Новак Ѓоковиќ: “Ова е сосема неочекувано, тој планира се да објасни со соопштение за медиумите!“

Како молња се прошири во Србија веста дека светскиот рекет број 1 во тенис Новак Ѓоковиќ решил да го затвори тенискиот центар во Белград.

Од Спорт Клуб известуваат дека за ова веќе се информирани сите вработени во клубот и дека нивниот работен однос завршува на 1. јуни. Се наведува дека ќе одржуваат соработка само со некои спонзорирани играчи.

Од Спорт Клуб наведуваат дека ова е шокантна вест бидејќи Центарот постои околу 15 години и е главна база за подготовките и тренинзите на Новак Ѓоковиќ, но и за многу други тенисери, српски и странски.

Тие коментираат дека малкумина ги знаат точните причини за ваквата одлука на најдобриот светски тенисер, но дека деталите ќе бидат објавени многу наскоро преку официјално соопштение.

Според Спорт Клуб, постои можност Новак Ѓоковиќ веќе да го испланирал преместувањето на тенискиот центар на нова локација, што неодамна го спомена и министерот за финансии Синиша Мали и затоа сака да го врати својот центар во градот. Тоа е локација веднаш до Националниот фудбалски стадион.

Не е невозможно причината да бидат негативните одгласи на плановите на Новак за проширување на Центарот. Според некои информации, Ѓоковиќ не добил дозволи за сите објекти или само за некои, па тоа би можело да биде и причината за напуштање на локацијата на вливот на Сава и Дунав.

Колку е шокантен и неочекуван ваквиот потег, може да се заклучи од фактот што Тениската федерација на Србија пред само неколку дена објави дека дел од турнирите од програмата „Новиот век на српскиот тенис“ ќе се играат на терените на Центар Новак.