Одамна не сме ја виделе, а сега таа ја „запали“ сцената со своето атрактивно издание

Поп-пејачката Кети Пери покажа вистински гламур за време на нејзиниот музички настап на WinFuture Awards во Виетнам.

Инаку, награди се доделуваат на научници кои придонеле за развојот, но и за откривање на нови научни теории и откритија. Честа да пее на наградите за прв пат ја имаше Кети Пери, а за таа прилика облече неколку гламурозни комбинации.

Публиката која немаше можност да присуствува на концертот на Пера, модните изданија од таа вечер можеше да ги види на нејзиниот Инстаграм профил.

Три тоалети, во виолетова, златна и сива боја, ја одбележаа вечерта на познатата пејачка, а таа самата не го криеше ентузијазмот за оваа пригод

Фустаните дополнително ја истакнаа сета убавина на 39-годишната пејачка – ништо претерано, а сепак гламурозно.