Милица Павливиќ има голема куќа на село: Еве каде живеела пејачката пред да стане позната и славна: Го сакам повеќе од сè на светот (фото)

Милица Павловиќ неодамна го посети Горњи Буниброд, селото во кое пораснала и кое го сака повеќе од сè.

Популарната пејачка ја изгубила својата баба, а малку порано и дедото, кои биле како нејзините родители, но сепак е многу приврзана за селото во кое го поминала детството.

Таа еднаш на својот Инстаграм профил ги покажа сите убавини на своето родно место.

– Убавина Божја. Да живее мојот Горњи Буниброд – напиша тогаш Милица.

Да потсетиме, последен пат Павловиќ беше во нејзиното село кога одбележуваше четириесет дена од смртта на нејзината баба Рада.

„Пораснав со баба ми и дедо ми. Најубавото нешто на светот беше кога ги држев за раце, кога одев со нив на колач, кога баба ми ќе ме пречекаше на врата, кога дедо ми ќе ми купеше фустан за да изгледам убабо или да се појавам на некоја прославена со моите роднини со баба ми. Живеев на село. Пешачев по половина час до основно секој ден. Бев среќна. Знаев што е срам, каде е границата, што е а што не е дозволено“, напиша Милица еднаш на социјалните мрежи.