ВИДЕО | Најмалата Honda доби ново издание

HONDA го претстави Motocompo на почетокот на 1980-тите, а сега одлучи да претстави нова генерација на ова слатко возило.

Сега се вика Motocompacto, но идејата е иста – минијатурен личен транспортер складиран во багажникот на вашата Honda. Иако некои ќе ја поврзат старата изведба со култниот филм Dumb and Dumber, минијатурата на Honda е уште поекстремна. 

За почеток, да речеме дека овој преклопен личен транспортер како куфер сега го презеде електричниот погон и доби бела боја за впечаток на чистота на транспортот. Батеријата има капацитет од само 6,8 Ah, но бидејќи се напојува од мал мотор од 490 W, доволно е да се извозат околу 19 km. Максималната брзина што може да ја достигне е 24 km/h. Потребни се три и пол часа за полнење на мрежа од 110 волти. 

Иако изгледа како играчка, Motocompacto е направен да трае, но и да биде безбеден и сигурен при употреба. 

„Motocompacto е лесен за користење и забавен за возење, но исто така е дизајниран имајќи ја предвид издржливоста и безбедноста“, рече Ник Зиралдо, проект менаџер во Honda Development and Manufacturing of America. „Користи робусна термички обработена алуминиумска рамка и тркала, LED предни и задни светла, странични рефлектори и заварена челична брава за заклучување.

Motocompacto тежи само 18,7 килограми, а може да се смести во багажникот на сите нови Honda. Најдоброто е што Хонда не претерува со цената, па реши да започне со 995 долари.