‘СУЛТАНОТ’ ПАТУВА ВО ЊУЈОРК – Реџеп Таип Ердоган заминува во САД додека администрацијата на Џо Бајден подготвуваат санкции против Турција !?

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе отпатува во Њујорк за да присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации, во услови на зголемени тензии со Вашингтон околу Сирија и Русија, објави денес Bloomberg.

Реџеп Таип Ердоган се очекува да пристигне во Њујорк во недела, само еден ден откако Турција ги отфрли американските наводи за регрутирање деца војници за бунтовниците во Сирија поддржани од Турција, и додека официјален Вашингтон се подготвува да воведе санкции за пет турски компании и еден турски поединец, кои наводно и помагаат на Русија за избегнување на санкциите.

Реџеп Таип Ердоган се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Њујорк.

Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека Турција може да „раскине“ со Европската унија доколку е потребно, коментирајќи го извештајот на Европскиот парламент во кој се наведува дека продолжувањето на пристапот на Анкара во ЕУ е невозможно под сегашните околности.

Тензиите меѓу Анкара и Вашингтон се зголемија бидејќи Турција се обидува да обезбеди поддршка од американскиот претседател Џо Бајден за купување на воени авиони F-16 и дополнителна опрема за надградба на постојната флота, како и за привлекување странски инвестиции во Турција.

На самитот Г-20 во Њу Делхи минатата недела, Реџеп Таип Ердоган изрази разочарување од барањето на САД, одобрувањето на Турција за влез на Шведска во НАТО да биде предуслов за продажба на воени авиони F-16 на Анкара, што Џо Бајден го подигна за време на средба со турскиот претседател.