Алма неколку пати бегала од сопругот, а тој насилно ја враќал! Спасот со три деца го нашла во реката: Дали пред тоа им дала лекови?

Денеска беа објавени трагични снимки од последните моменти на Алма Арази и нејзините три деца, пред да се удават во реката Бојана во Скадар, но и нови детали од истрагата.

Албанската новинарка Дорјана Безат откри дека починатата жена всушност неколку пати го напуштала семејството, но сопругот Ергис Арази секој пат ја следел и насилно ја враќал.

Таа најави и дека се очекува обдукцијата да расветли дали мајката или децата пред смртта консумирале психоактивни супстанци или дрога.

-Алма неколку пати се обиде да се разведе, одеше со децата кај братучетка и’, но сопругот секогаш одеше и ги земаше малите, може да се каже и на сила. Тој ѝ вршеше притисок, велејќи и дека и на суд нема да може да му ги земе децата, бидејќи нема економски средства – изјави новинарката Безат.

А поранешниот висок полициски функционер Шамси Пренчи за „Топ вести“ изрази сомнеж за овој случај:

– Сè уште не е јасно како Алма успеала да фрли три деца во реката и потоа да се удави. Не ја исклучувам можноста да им дала на децата средства за смирување. Едно сомнение е дека мајката можеби им дала лекови на децата за да ја намали нивната реакција. Mи рекоа дека прехранбени производи, ролати и чоколади, се пронајдени надвор од локацијата и се верува дека ги изеле децата.