СЕ ПОЈАВИ ФОТОГРАФИИ ОД ИРИНА ШАЈК И ТОМ БРЕДИ: Сите гледаат колку е блиска руската манекенка со бившиот на колешката! (ФОТО)

Последните месеци се пишуваше дека поранешните сопружници, манекенката Ирина Шајк и актерот Бредли Купер се помириле и повторно се вљубени.

Тие објавија заеднички фотографии на социјалните мрежи, а заминаа и на одмор со својата ќерка, а тоа израдува многу нивни обожаватели и се надеваа дека славниот пар и дал нова шанса на својата љубов.

Меѓутоа, светските медиуми сега ја пренесоа веста дека Шајкова наводно е во врска со спортистот Том Брејди .

Како што пренесува „Њујорк пост“, Ирина била видена како влегува во домот на Брејди вечерта, а таа заминала околу 9:30 часот наутро. Потоа двајцата заедно влегле во автомобилот, а спортистот цело време нежно ја галел манекенката.

– Том е навистина возбуден бидејќи ова се случува, тој чувствува дека целосно се разбираат, а таа го смета за исклучително интересен, претприемнички и има паметна смисла за хумор. Таа не е само авантура, а тој навистина сака тие да успеат – изјавил извор близок до парот за споменатите медиуми.

Сепак, претставниците на Ирина ги отфрлија наводите за нејзината врска со Брејди.

– Приказната е целосно неточна. Тоа е целосно злонамерно и измислено прикажување на оваа вечер – велат тие.